11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Застој на евакуацијата од Кабул, луѓе во очај ја блокираат пистата

Евакуацијата од аеродромот во Кабул е во застој, бидејќи луѓето кои се обидуваат да го напуштат Авганистан се во очај и ја блокираат пистата на аеродромот, објави денеска претставник на германското Министерство за надворешни работи.

„Во моментов нема воздушен сообраќај, бидејќи голем број очајни луѓе се на пистата“, изјави германскиот претставник на прес -конференција во Берлин.

Четириесет вработени во германската амбасада во Кабул беа евакуирани синоќа во Доха, соопшти тој, додавајќи дека десетина германски претставници ќе останат на аеродромот во Кабул за да ја координираат евакуацијата.

На аеродромот во Кабул, многу Авганистанци се обиделе да се качат во американските авиони.

Бројни снимки покажуваат и луѓе кои се обидуваат да избегаат со тоа што се качуваат на надворешната страна од авионот. Се верува дека некои од нив паднале и загинале.

Според претходините извештаи на аеродромот настанал општ хаос, американските војници биле принудени да пукаат со предупредувачки истрели, а имало и стампедо.

Медиумите објавија дека има и мртви, но не е јасно како загинале.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Евакуацијата од Азовстал продолжува

M T

Киев: За денеска е планирана евакуација на цивили од Азовстал

M T

Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот

M T

Обилен дожд во Австралија – Повторно наредена евакуација

M T

Во Украина почна привремен прекин на огнот за евакуација на цивили

M T