17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стигна налог авганистанскиот воздушен простор да се избегнува за меѓународни летови

Авганистанската агенција за цивилно воздухопловство (АЦАА) на својата веб-страница објави дека воздушниот простор во Кабул е препуштен на војската и дека се препорачува пренасочување за авионите во транзит.

„Јунајтед ерлајнс“, „Бритиш ервејс“ и „Вирџин Атлантик“ веќе престанаа да го користат авганистанскиот воздушен простор откако бунтовниците ја окупираа претседателската палата во Кабул, додека силите предводени од САД заминаа, а западните земји се обидуваат да ги евакуираат своите граѓани.

„Луфтханза“ соопшти дека нејзините авиони веднаш почнале да го избегнуваат авганистанскиот воздушен простор.

„Сите компании на групацијата Луфтханза ги суспендираат прелетувањата над Авганистан до понатамошно известување“, соопшти портпаролот на компанијата.

AЦAA посочи дека транзитите низ воздушниот простор на Кабул нема да бидат контролирани.

Веб -страницата за следење летови FlightRadar24 објави на „Твитер“ дека летот на „Ер Индија“ од Чикаго до Делхи го сменил правецот и излегол од авганистанскиот воздушен простор набргу по влегувањето, додека летот на „Тера Авиј“ од Баку до Делхи исто така е пренасочен.

Авиокомпаниите и владите почнаа да посветуваат поголемо внимание на ризиците од летање над конфликтните зони во последниве години по два смртоносни инциденти со ракети земја-воздух кога во 2014 година над источна Украина беше соборен авион на „Малезија ерлајнс“, а во 2020 година иранската војска собори авион на „Украина интернешнл ерлајнс“.

Во двата случаја загинаа сите патници и членови на екипажот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

Стотици луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан, почувствуван и во Индија

M T

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони

M T

Лавината на границата меѓу Авганистан и Пакистан усмрти 19 лица

M T

Девет деца загинаа во експлозија во Авганистан

M T

Владата и Синдикатот на новинари и медиумски работници спасија четворица новинари од Авганистан

M T