3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се урна авганистански авион во Узбекистан

Авганистански воен авион се урна во Узбекистан, објави денеска узбекистански портал, повикувајќи се на неименувани извори и слики споделени преку апликации за пораки.

Според извештајот на Газета.уз, авионот се урнал доцна синоќа во најјужната узбекистанска провинција Сурксондарио, по должина на границата со Авганистан.

Објавени беа и фотографии на медицински сестри во придружба на маж во авијациска униформа.

Се наведува дека двајца авганистански војници, за кои се верува дека исто така биле во авионот, биле хоспитализирани во главниот град на таа провинција, Термез.

Узбекистан вчера објави дека уапсила 84 авганистански војници кои ја минале границата и побарале медицинска помош.

Спонзорирано: