10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 60 земји им пишаа на талибанците: Дозволете им на луѓето да ја напуштат земјата

Повеќе од 60 земји објавија заедничка изјава во која се вели дека на Авганистанците и странските државјани кои сакаат да ја напуштат земјата мора да им биде дозволено да заминат, и дека аеродромите и граничните премини мора да останат отворени, соопшти американскиот Стејт департмент.

Американската влада и земјите, вклучувајќи Австрија, Велика Британија, Канада, Германија, Шпанија, Италија, Јапонија и Јужна Кореја, во заедничка изјава рекоа дека „оние кои се на позиции на моќ и авторитет низ Авганистан се одговорни за заштита на човечки животи и имот, како и што се однесува до итно враќање на безбедноста и јавниот ред “.

Тие додаваат дека “авганистанскиот народ заслужува да живее безбедно и достоинствено. Ние во меѓународната заедница сме подготвени да им помогнеме”.

Талибанците објавија крај на војната во Авганистан откако ја презедоа контролата врз претседателската палата во Кабул, во време кога силите предводени од САД заминуваат, а западните земји се обидуваат да евакуираат илјадници свои граѓани.

Пентагон одобри дополнителни 1.000 војници за да помогнат во евакуацијата на американските државјани од Кабул, како и Авганистанците кои работеа за нив, додека американската влада соопшти дека ќе ја преземе контролата врз воздушниот сообраќај за да им овозможи на илјадници Американци да заминат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

Зеленски: Не е точно дека струјата поскапе поради војната, Русија претходно вештачки ги зголеми цените

M T