Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаАнализаВо тренд...

(фото) ВМРО ДПМНЕ објави лажна вест дека Петре Шилегов е на одмор, а тој вчера беше на настан

Потресна, мелодраматична, театарска прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, познат по серија промашени прес конференции:

– Петре Шилегов одмора, никаде го нема. Скопје и Македонија изгореа, Шилегов сеуште лежи на суперлуксузен одмор. Почитувани, во хотел Монте Мулини, суперлуксузен хотел во Ровињ, Хрватска, За 6 ноќи за двајца треба да платите 12.300 евра, Три просечни плати за еден ден одмор во суперлуксузниот хотел во Ровињ. 15 дена Шилегов е во Ровињ, одмора. Сарај, Скопје, Македонија може да изгорат, Шилегов одмара. 15 дена слушаме од ЦУК дека Сарај гори, Сарај е во опасност од пожари, од подземни жаришта. 15 дена не може да се изгаснат пожари на 5 километри од Скопје. Ама Шилегов одмора никаде го нема. 15 дена го нема. Изгоре Македонија, тој е во Ровињ. Почитувани, Сарај е зафатен со опасни пожари, оној Стојанче Ангелов вели тлее подземен оган којшто не може да го изгаснат. А Шилегов одмора 15 дена во Ровињ. Шилегов бега од одговорност. Да беше доблесен, веднаш ќе се вратеше. Но Шилегов дезертираше пред опасност за Скопје. Шилегов е недостоен, ниту за Скопје ниту за ЗЕЛС Доколку има грам доблест Петре Шилегов веднаш мора да се појави во Скопје и да каже дали за цело време додека цела Македонија стравуваше пред пеплосување, тој остана во Ровињ?, рече Стоилковски од ДПМНЕ.

Сепак по обична проверка новинар на Centar.mk, откри дека Шилегов е тука во Македонија и вчера присуствувал на настан, за што лично тој има објавено и пост на социјалните мрежи:

Инаку Шилегов беше многу активен на социјалните мрежи за време на пожарите, целодневно изминатите денови известуваше за поддршката која ја даваше град Скопје односно противпожарната единица на критично зафатените подрачја во Кочани, беровско и други места. Чудно е како Наум Стоилковски повторно си даде автогол и себе и на политичката опција која ја прокламира.

Ова не е прв пат како висок функционер на ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести, претходно студија на ЕУ го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како извор на дезинформации.

Погледнете го мелодраматичното видео, кое доби сериозни реакции од јавноста поради ширењето на лажни вести:

ЛАЖНА ВЕСТ:
ШИЛЕГОВ Е НА ОДМОР, ГО НЕМА ПЕТНАЕСЕТ ДЕНА
ТОЧНА ВЕСТ:
ШИЛЕГОВ Е ТУКА, ВЧЕРА БЕШЕ НА НАСТАН

ЛАЖНА ВЕСТ: МАКЕДОНИЈА ИЗГОРЕ, СКОПЈЕ СЕ ПАЛЕШЕ
ТОЧНА ВЕСТ: МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗГОРЕ, ТУКУ ГОРЕА ДЕЛОВИ ОД ШУМСКИ ПОЈАСИ НИЗ ЗЕМЈАВА, ЗА ШТО ИМА УАПСЕНИ СЕ ОСОМНИЧЕНИ ЛИЦА КОИ ГИ ПОТПАЛУВАЛЕ ШУМИТЕ

ЛАЖНА ВЕСТ: АЛУДИРАЊЕ ДЕКА СЕ СЛУЧУВА ХАОС
ТОЧНА ВЕСТ: ПОЖАРИТЕ СЕ ГАСАТ

СПОРЕДБА:
КАТАСТРОФИ СЕ СЛУЧУВАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА СИТЕ ВЛАСТИ, ОСОБЕНО НАЈТЕШКАТА СЕ СЛУЧИ ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ВМРО ДПМНЕ КОГА НАЈВЕРОЈАТНО ПОРАДИ НЕИСЧИСТЕНИ КАНАЛИ ОД СИЛНИТЕ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ ВО 2016-ТА ГОДИНА СЕ СЛУЧИЈА ПОПЛАВИ ВО КОИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 22 ЛИЦА, МНОГУ БЕА ПОВРЕДЕНИ, СЕМЕЈСТВА ОСТАНАА БЕЗ СВОИТЕ ДОМОВИ. ЗА СРЕЌА ТОГАШ ОПОЗИЦИЦИЈАТА НЕ СЕ ОДНЕСУВАШЕ НА ВАКОВ НАЧИН, ТУКУ СТАВИ МОРАТОРИУМ НА КРИТИКИТЕ И ИЗЛЕЗЕ НА ТЕРЕН ЗА ДА СЕ ПОМОГНЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО.