10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

И Турција мака мачи со пожарите, Ердоган порача: “Ова е исто како терористичка закана!”

Шумските пожари се глобална закана исто колку и пандемијата со Ковид-19, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолија.

“Цел свет моментално се соочува со овој предизвик, кој е ист како терористичка закана”, рекол Ердоган синоќа.

Тој изјавил дека во последните осум дена во Турција избиле 187 пожари, од кои 15 се уште се активни.

Претседателот на Турција додаде дека вкупно 51 хеликоптер и 20 авиони се ангажирани во операциите за гаснење на пожарите.

Според официјалните податоци, најмалку осум лица загинаа во јужна и југозападна Турција од 28 јули.

Ердоган зборувал и за вакцината против коронавирусот која ја развива Турција.

“Планираме во најкраток рок за одобрување на итна употреба на турската вакцина Турковак и масовна вакцинација на државно ниво”, рекол тој.

Спонзорирано: