21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фон дер Лаен: Недостигаат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, верува дека Европа е добро подготвена за можна администрација на третата доза од вакцината против коронавирус и посочува дека недостигаат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“.

„Нарачавме 1,8 милијарда дози од ‘Фајзер’ до 2023 година. Тоа е најголемата порачка во светот и е доволно за спроведување можна трета доза од вакцинацијата во ЕУ“, објасни таа.
Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа посочи дека овој процес е сѐ уште неизвесен.

„Досега производителот не можеше да достави доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни Фон дер Лаен додавајќи дека ова иницира голем број прашања.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва е свесна за кампањата на западните земји против руските вакцини против Ковид-19 и смета дека таа е неоснована.

„Забележавме неосновани напади на многубројни западни земји врз руските вакцини. Во исто време, би сакал да нагласам дека Рускиот фонд за директни инвестиции и експерти од Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеја’ веднаш дадоа детаљни одговори на сите конкретни прашања во врска со ова“, рече Лавров во интервју за рускиот весник „Комсомолскаја правда“.
Претходно, на вебинар за руската надворешна политика на 23 јули Лавров рече дека Русија е отворена за предлогот на Европската Унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за вакцинација.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Директорот на Центарот Гамалеја – Спутник лајт обезбедува тримесечна заштита од омикрон

M T

По 10.000 дози од „Астра зенека“ и „Спутник“ се очекува да стигнат во следните денови

M T

Нема потреба за модификација на вакцината „Спутник в“ против новите соеви

M T

Спутник V штити од ковид најмалку 6 месеци

CENTAR MKD

CENTAR ДОЗНАВА: Стигнува голема количина на вакцини “Sputnik V”

CENTAR MKD