11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

САД со порака до Русија: Аплицирајте за виза

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека толкувањето на рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, за ситуацијата со 24 руски дипломати е неточно.

Како што наведуваат светските медиуми, на нив ќе им се доделат американските визи.

Тој на брифинг со новинарите рече дека руските дипломати „можат да поднесат барање за продолжување на визата“ и додаде дека овие апликации се одлучуваат „од случај до случај“.

Антонов претходно во интервју за списанието „Национален интерес“ рече дека САД и предадоа на Русија список од 24 дипломати кои треба да ја напуштат земјата до 3 септември поради истекот на визите.

Москва и Вашингтон веќе некое време се во судир, а односите дополнително се заладија откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е убиец.

Тензиите, сепак, се намалија по состанокот на 16 јуни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T