10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

РКЕ: Испораката на струја во Кочани се стабилизира, складот на „Макпетрол“ не е зафатен од пожарот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира во врска со испораката на електрична енергија во пределите каде што е регистрирано привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите дека во моментов испораката во регионот на Кочани во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира.

Исто така од РКЕ додаваат дека складот на „Макпетрол“ не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

„ Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, додека се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Во однос на складовите со нафтените деривати каде се и дел од државните резерви не се зафатени од пожарот“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

M T