5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а тој број се искачува на дури 60 проценти во групата работници чии приходи спаѓаат под линијата на сиромаштија, покажува европската студија на Синдикалната конфедерација.

Најголемите разлики меѓу работниците се забележани во Бугарија, Хрватска, Грција, Чешка, Франција и во Романија.

Според бугарските медиуми, околу еден милион Бугари не може да си дозволат одмор во текот на летото.

Зголемувањето на нееднаквоста покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа во изминатата деценија не се рамномерно распределени, коментира помошник-генералниопт секретар на Синдикалната конфедерација, Естер Линч.

Од таму најавија дека се работи на подобрување на предлогот за европска директива, со кој треба да се зголеми минималната плата во ЕУ, а Европскиот парламент ќе расправа по летната пауза. Синдикалната конфедерација се залага за воведување праг на достоинство, што ќе гарантира дека законската минимална плата не може да биде помала од 60 проценти од просечната плата или помалку од 50 проценти од просечната плата во која било земја членка.

Во моментот, во 17 земји членки на ЕУ минималната законски загарантирана плата е помала од 60 проценти од националната просечна плата, посочува ЦЕС.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: После одморот Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак со неработа

M T

ЛОШ СПОЈ ЗА ПАТУВАЊЕ – Овие хороскопски знаци НИКОГАШ не треба да одат заедно на одмор

M T

Австриски политичар: Русите навикнаа да живеат во сиромаштија, санкциите се на штета на оние што ги воведоа

M T

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

M T

Еве што се треба да исклучите кога одите на одмор

M T

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

M T