4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Обама критикуван, планирал роденден со стотици гости

Информациите дека поранешниот американски претседател Барак Обама, кој оваа недела ќе го прослави својот 60 -ти роденден, планира голема забава со стотици гости, предизвикаа критики во американските медиуми.

Според извештаите, поранешниот претседател планира голема прослава на имот на островот Марта Вајнјард јужно од Кејп Код во Масачусетс, што ја зголеми загриженоста во јавноста од можно ширење на коронавирусот.

Новинар на брифингот во Белата куќа во понеделникот праша дали Обама, со неговите планови да биде домаќин на таков голем настан, е погрешен пример дека „Ковид-19“ не е сериозна болест.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека планираната забава ќе биде „умерена и на отворено“.

Покрај тоа, таа додаде дека ќе има барања за тестирање од Ковид-19, како и други мерки, но дека не сака да навлегува во детали.

„Дефинитивно би ве упатила на тиот што работи за мојот поранешен шеф за да ви даде повеќе детали за протоколите“, додаде Псаки.

Таа, исто така, истакна дека поранешниот претседател е „голем поборник за вакцинација“.

Обама во среда полни 60 години.

Според информативни сајтови, од сите гости на забавата било побарано да се вакцинираат.

Можеби ќе ве интересира

Обама повторно со Бајден во Белата куќа – Пречекан со аплауз

M T

Барак Обама организира голема роденденска забава, гостите мора да се тестираат за Ковид-19

M T

Путин го слави својот 68. роденден: Верувам во можностa да ја променам судбината

CENTAR MKD