20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТСПОРТ

МОК започна истрага за случајот со белоруската атлетичарка

Меѓународниот олимписки комитет започна официјална истрага за наводите дека Белорусија се обидела да ја натера својата атлетичарка, Кристина Циманускаја, да се врати во земјата од Олимпијадата во Токио, откако јавно ги критикуваше националните тренери.

„ Мораме да ги утврдиме целосните факти, што може да потрае. Во меѓувреме, нашата главна грижа е спортистот“ објави портпаролот на МОК, Марк Адамс, пренесува Би-би-си.

Министерството за надворешни работи на Јапонија потврди дека Циманускаја добила хуманитарна виза од Полска и дека сега се наоѓа во амбасадата на таа земја во Токио, а се очекува утре да ја напушти Јапонија.

МОК побара Белорускиот национален олимписки комитет да го достави својот извештај за инцидентот до крајот на денов, а Циманускаја рече дека била одведена на аеродром против своја волја, откако ги критикувала тренерите и изрази страв за нејзината безбедност.

Белорусија тврди дека Циманускаја била отстранета од тимот поради нејзината емоционална состојба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 433 добитници на лотарија на Филипините, покрената е истрага

M T

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Убиен министер и син на поранешен претседател на Доминиканска Република

M T

Зеленски: Во Буча биле мачени и убиени повеќе од 300 цивили, започната е истрага

M T

Покрената внатрешна истрага против Џонсон за забавите за време на рестриктивните мерки

M T