9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на инфекција првпат по повеќе од една година.

Градот со 11 милиони луѓе ќе почне сеопфатно тестирање на нуклеински киселини врз сите жители, рече високиот претставник на Вухан, Ли Тао.

Властите вчера објавија дека се регистрирани седум нови случаи на инфекција во локално пренесување меѓу работниците мигранти во градот по повеќе од една година без домашни случаи откога епидемијата беше запрена со невиден карантин на почетокот на 2020 година.

Во последните денови Кина ги затвори жителите на цели градови во своите домови, ги прекина внатрешните транспортни врски и воведе масовно тестирање додека се бори против најголемата епидемија на коронавирус во последните неколку месеци.

Денес, 61 нов случај на инфекција со коронавирус беше регистриран во Кина, а делта-сојот бргу се шири во градовите по првичната инфекција меѓу чистачите на аеродромот во Нанџинг. Ова жариште предизвика синџир на инфекција што се прошири во целата земја.

Милиони граѓани се тестирани во Пекинг, делови од градот се блокирани, а сите блиски контакти на заразените се во карантин.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T