20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Заев  за Танјуг: Балканот веќе не е темпирана бомба туку симбол на пријателство

Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.

Тој посочи дека кога го зборува тоа, говори со истите размислувања со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, и додаде дека во наредниот период, и покрај негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, кои се безначајни, бидејќи ставовите на граѓаните според анализите што ги видел се позитивни, верува дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и другите земји.
 
-Што е тука лошо ако дејствуваме заедно во случај на пожар, поплава или земјотрес. Ние тројно ги зголемуваме нашите капацитети, што значи повеќе спасени животи, како и заштитени имоти, кажа Заев, порачувајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде границите меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија да работат на принципот „Без задржувања, само тргни“.
 
Како што беше порачано на самитот, ако се надминат слабостите на администрацијата, на 1 јануари 2023 година, нема да има граница меѓу нашите земји.

Спонзорирано: