8.8 C
Скопје
23. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Македонија Во тренд...

Заев: Кога Европа затајува се разгорува национализмот, но кај Македонците и Албанците нема непријателство, ние сме пример за соживот

„Се повеќе и повеќе се губи радикалниот национализам што го имаше во Северна Македонија. Партиите како Илирида немаат поддршка, бидејќи кај Македонците и Албанците нема непријателство, како ни меѓу другите народи во нашата мултиетничка Северна Македонија. Ние сме пример за соживот“ кажа премиерот Зоран Заев за српски Танјуг.

„Секогаш кога ќе затаи Европа, кога не испорачува, а ветува, се пвоеќе се разгоруваат националистички и етноцентристички идеи. Јас верувам дека нашата земја е контрааргуметн за сите нон-пејпери и заеднички можеме Балканот да го претвориме во една мултиетничка заедница како Северна Македонија и заедно да влеземе во ЕУ“ кажа Заев.

Тој рече дека има целосно почитување за политичарите кои искрено се обидуваат да најдат решение.

„Гледам дека претседателот на Србија, како и премиерката и целата Влада, работат на изнаоѓање на решение со Приштина. За нас секое решение е прифатливо, кое ќе го договорат Белград и Приштина и кое гарантира мир, европска иднина и почитување на малцинските права“ рече Заев.

Премиерот на Северна Македонија истакна дека Македонците и Србите се братски народ, со исти предизвици, вредности, исти цели, желби и фантазии.