12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Забава во Хрватска предизвика проблеми во Австрија – постојано расте бројот на заразени повратници

Стравувањата на австриските власти се остварија, бидејќи кластерот на заразени од корона кои во земјата се вратиле по масовна забава на хрватскиот остров Паг, постојано расте.

Во моментов, регистрирани се 215 заразени лица, кои се распространети низ сите девет австриски покраини.

Инаку, на фестивалот со назив „Austria goes Zrce“ на островот Паг, односно на забавата на плажа, каде што очигледно дошло до ширење на вирусот, имало 2.500 посетители.

Австриските власти претпоставуваат дека бројот на заразени лица е далеку поголем од моментално познатите случаи.

Поради овој мега кластер, австриските власти размислуваат за воведување на задолжително тестирање при враќање во земјата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Забава е нивното второ име: Овие хороскопски знаци имаат најдобра смисла за хумор

M T

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

M T

Во Германија над 170.000 новозаразени со коронавирус

M T

Шангај продолжува со масовните тестирања, бројот на заразени со коронавирус продолжува да расте

M T