20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Бразил падна снег

Во Бразил деновиве има значителен пад на температурите, а вчера падна и снег.

Автомобилите, улиците и автопатите се покриени со снег и мраз.

„Имам 62 години и никогаш не сум видел снег. Гледањето на убавината на природата е нешто што не може да се опише“, изјави возачот на камион Гонкалвес Маркес во градот Камбара до Сул за ТВ Глобо.

Повеќе од 40 градови во државата Рио Гранде до Сул се под мраз, а снег падна во најмалку 33 општини, објави метеоролошката компанија Сомар Метеорологија.

Невообичаено студеното време во Бразил веќе успеа да ги зголеми меѓународните цени на кафето и шеќерот, а денес е најстудениот ден во годината.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бразил очекува тензичен втор круг од изборите, Болсонаро собра повеќе гласови од очекуваното

M T

Во Словенија падна снег

M T

Бразил го потврди првиот случај на мајмунски сипаници кај куче

M T

Поплави во Бразил: Најмалку 56 лица го загубија животот

M T

Србија завеана во снег, на некои места падна и до половина метар

M T

Зима во април: Снег во Црна Гора

M T