3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов лапсуз на Бајден, ги помеша имињата па наместо Обама го пофали Трамп

За време на својот говор во средата, американскиот претседател Џозеф Бајден ги помеша имињата на поранешните претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, како што и самиот објасни, во „фројдовски лапсуз“.

„Уште во 2009 година, за време на таканаречената Голема рецесија, претседателот ме замоли да управувам со тој дел, со тогашниот претседател Трамп “, им порача Бајден на насобраните во Пенсилванија, пренесува „Фокс њуз“.

Потоа се извини и рече дека станува збор за „фројдовски лапсуз“, и објасни дека Трамп бил последниот претседател кој бил противник на Обама, додека Бајден беше вршител на должноста потпретседател.

Неговото заборавање во говорот, како и последователното објаснување, предизвикаа реакции кај американската јавност, пред се оние кои се политички противници на Бајден.

„Мислам дека Џо Бајден можеби не знае што е „фројдовски лапсуз“, изјавија од кабинетот на републиканскиот сенатор Џош Холи.

Имаше и други коментари на социјалните мрежи кои укажуваа дека со оваа изјава, Бајден „само ги помеша Трамп и Обама“, како и дека „објаснувањето дека ова е „фројдовски лапсуз“ значи дека има некои потсвесни чувства кон својот поранешен шеф, пренесувааат американските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

M T

САД: Анкетите покажуваат подобрување на рејтингот на Бајден

M T

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

M T