13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема полициска акција во Виена, разбиена нарко-мрежа, уапсени 24 Албанци

Австриските власти разбија мрежа на трговци со дрога во која учествувале лица од Албанија и Косово. Запленети биле наркотици, пари и автомобили, јавуваат регионалните медиуми.

Истрагата утврди дека уапсените Албанци биле на возраст меѓу 18 и 48 години и дека биле вклучени во трговија со дрога.

Наркотиците според истрагата се продавале во кафулиња, понекогаш на улица или во автомобили, додека зделки биле склучувани во возила.

При претресот на становите, откриени биле стебла со канабис тешки околу 80 килограми, 3.1 килограм кокаин и 204.000 евра. Полицијата заплени и три возила, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Голема полициска акција во БиХ: Најмалку 19 уапсени, меѓу нив и полицајци

M T

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

M T

За еден ден казнети 207 возачи во Чаир

CENTAR MKD

Полиција на секој чекор во Ѓорче – Centar дознава, во тек голема контролна акција

CENTAR MKD

Во тек акција на полицијата – Правеле свадба во Глумово со неколкустотина гости

CENTAR MKD

(Видео, фото) Сузбиена организирана криминална група што криумчарела мигранти, приведени 10 лица

CENTAR MKD