10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Жаклина Лазаревска: Обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава со вработување на 500 образовни асистенти

Прес-конференција на Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ:

СДСМ гради фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава.

Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава.

За таа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.

Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“.

Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

Инвестираме во иднината, продолжуваме да го менуваме образованието кон подобро.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Невработените лица да се пријават за мерките од планот за вработување

M T

Шахпаска: Се подготвува ново законско решение за вработување на лицата со различна попреченост

M T

СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти

M T

Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете

M T

ВОДИЧ ЗА БОГАТЕЊЕ: 11 работи кои богаташите ги прават поинаку од вас!

CENTAR MKD