15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Сиднеј го продолжи карантинот за четири недели

Австралискиот град Сиднеј денеска го продолжи карантинот за четири недели откако претходните мерки не го запреа ширењето на коронавирусот, а властите предупредија дека непочитувањето на истите ќе биде казнето построго.

На жителите на градот со пет милиони жители и на соседните регионални центри кои се протегаат на 200 километри по должината на крајбрежјето им е наредено да останат дома до 28 август поради постојано високите бројки на заразени со делта-сојот кој започна да се шири минатиот месец.

Државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, пријави 177 нови случаи во вторникот, по 172 во понеделникот. Ова е најголемото зголемување на бројките откако возач на аеродром кој не беше вакциниран и не носеше маска ја активираше сегашната епидемија, пишуваат тамошните медиуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – Најавени се поинтензивни врнежи

M T

Кинез ги прекршил мерките за изолација, поради него 5.000 луѓе одат во карантин

M T

Град со 3,6 милиони луѓе во карантин поради 99 случаи на Ковид-19

M T