14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТСПОРТ

Токио пријави рекорден број на новозаразени со коронавирус сред Олимписките игри

Градот Токио, домаќин на Олимписките игри, кој е под вонредна состојба поради Ковид-19, денес објави рекордни 2.848 случаи на новозаразени со Ковид-19, соопштија јапонските власти.

Најновите податоци, кои го надминаа претходниот рекорд од 2.520 случаи регистрирани на 7 јануари, доаѓаат во време кога постои зголемена загриженост од ширењето на многу заразниот делта-сој, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.

Седумдневниот просек на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 1.762,6 на ден, што е за 49,4 проценти повеќе од претходната недела.

Здравствени експерти кои ја советуваат владата предупредија на можна „критична“ ситуација во врска со коронавирусот во Токио, доколку истиот продолжи да се шири со сегашното темпо.

Четвртата вонредна состојба во Токио, која е во сила до 22 август, го опфаќа целиот период на Олимписките игри, кои траат до 8 август.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

M T

Во Германија над 170.000 новозаразени со коронавирус

M T

Шангај продолжува со масовните тестирања, бројот на заразени со коронавирус продолжува да расте

M T

ИЈЗ: Намален бројот на заразени лица од Ковид за 27,4%

M T