11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден месец притвор за возачот на косовскиот автобус поради опасност од бегство

а возачот на автобусот кој доживеа несреќа во Хрватска му е одреден притвор од еден месец поради опасност од бегство, пренесуваат регионалните медиуми.

“Истражниот судија одреди мерка притвор, односно истражен притвор во траење од еден месец поради можноста возачот да ја напушти Хрватска. Тој ќе биде испратен во затвор. Денес тој само се изјасни, но немаше никакво сведочење“, изјави заменикот на истражниот обвинител.

„Во ниту еден момент не ми рече дека заспал“, изјави адвокатот на возачот и додаде дека не може да каже што точно му кажал неговиот клиент.

Медиумите потсетуваат дека 52-годишниот возач на косовскиот автобус со кој во неделата загинаа 10 патници, се бранеше со молчење за време на испрашувањето во Обвинителството во Славонски Брод.

Во неделата околу 06,20 часот, полицијата добила дојава дека се случила несреќа на автопатот А3, кај Славонски Брод, во која излетал автобус.

Првите полициски информации беа за тројца починати, но потоа бројот на мртви се зголеми на осум, а потоа полицијата пријави 10 починати лица, објавија регионалните медиуми.

Осомничениот, 52-годишен возач на косовскиот автобус, во кој загинаа 10 лица, во моментот на несреќата бил уморен и не можел безбедно да управува со возилото, беше известувањето од канцеларијата на државното правобранителството во Славонски Брод во понеделникот потсетуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац

M T

Приведено лице од скопско за издржување на изречена мерка притвор

M T

Приведен скопјанец на Граничен премин Табановце

M T

Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот

M T

Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор

M T

Казнет возачот кој со возило се движел по Камени мост

M T