10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Америка не ги укинува ограничувањата за патување, три европски земји на „црвената листа“

Соединетите Американски Држави нема да укинат ниту едно од постојните ограничувања за патувања поради загриженоста од брзо-преносливата делта-варијанта на коронавирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени случаи, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

Таа изјави дека Вашингтон, имајќи ја предвид моменталната состојба со делта-сојот, ќе ја задржи примената на сегашните ограничувања за патување.

„Со ширењето на делта-варијантата, бројот на новозаразени случаи се зголемува, особено кај невакцинираните граѓани и се чини дека овој тренд ќе продолжи и во наредните недели“, рече Псаки.

Во САД во моментов е оневозможен влез на странски државјани кои последните четиринаесет дена ги поминале во Велика Британија, дваесет и шестe земји од Шенген зоната во Европа, како и Ирска, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Стејт департментот предупредија дека граѓаните не треба да патуваат во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан поради зголемениот број на заразени со вирусот во тие земји, објавија американските медиуми.

ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за тие земји на „ниво четири“ односно многу високо и им препорачува на Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува воопшто да не се патува во тие земји.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за американските туристи и оттогаш е популарна дестинација.

ЦДЦ, покрена препораки за патување во Куба со „четврто ниво“ на предупредувања, додека Стејт департментот препорача да не се патува таму. Центарот исто така е загрижен за зголемениот број на заразени лица во Израел, Западниот брег и Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници „да размислат двапати“ за патување во Израел.

Ерменија е ставена на „ниво 3“, што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја, доколку тоа не е потребно.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Од денеска нови ограничени важења на сертификатите за патување во ЕУ

M T

Од утре нови правила за патување во ЕУ, ова се најважните промени

M T

Нови правила од Февруари – ЕУ објави препораки за патување

M T

ЕУ подготвува нови правила за патување

M T

Аеродромите и авиокомпаниите бараат да се укинат ограничувањата за патување

M T

Трета доза вакцина наскоро услов за патување?

M T