20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метро станици и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што беа затворени осум подземни метро станици, а две болници побарале од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри.

Болниците погодени од поплавите Випс Крос и Њухем во неделата на „Твитер“ побараа од пациентите да одат во соседните болници, доколку е можно, сè додека не ги решат оперативните проблеми предизвикани од поплавата.

Станица во источен Лондон е под вода висока најмалку 30 сантиметри со силно струење.

„Ова е најинтензивниот дожд што некогаш сум го доживеал во оваа земја“, објави на „Твитер“ жител на Лондон.

„Ова е лудо, на некои улици водата е до колена“, објави друг корисник на „Твитер“.

Противпожарните единици соопштија дека добиле околу 300 повици, главно од населени места каде се поплавени подруми.

Бројни патишта во главниот град се затворени, вклучувајќи ги тунелот Блеквол, патот А12 и делови од Северната обиколница. Голем метеж се создал и на други правци во градот, а осум метро станици се затворени.

Предупредување за можна бура и грмотевици е на сила за поголемиот дел од југоистокот на Англија, а во некои области се предвидува дека ќе наврнат 75 до 100 милиметри дожд.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Најмногу пријавени штети за поплавени простории и паднати дрвја

M T

И денеска пороен дожд и грмежи, во Скопје услови за невреме

M T