19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ден на жалост во Косово, претседателката го прекина службеното патување

На Косово денеска е ден на жалост поради 10-те загинати во автобуската несреќа во Хрватска.

Денот на жалост го прогласи косовоската претседателка, Вјоса Османи, која ја прекина посетата на Јапонија поради тој трагичен настан и денес ќе се врати во Приштина.

Во автобуска несреќа што се случи вчера во Хрватска, кај Славонски Брод, загинаа 10 лица, додека 45 патници се повредени, од кои осум се во сериозна состојба.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера отпатува за Хрватска, каде ги посети повредените, кои беа хоспитализирани во Славонски Брод.

Дел од оние што ја преживеале несреќата, во изјава за Радио Телевизија Косово раскажале дека трагедијата се случила во многу кратко време.

„Се случи за една минута. Само видовме дека автобусот излета и се лизгаше околу 100 метри. Возачите спиеја. Тие се менуваа од време на време“, раскажал еден од преживеаните.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

M T

Кадиров: Знам што се случува на Косово, тоа е сложена ситуација во кој има трет поттикнувач – НАТО

M T

Kосово ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември

M T

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово

M T

Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово, Вучиќ одговори

M T

Курти: Нема да дозволам друга српска држава на Косово

M T