14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Безос: Благодарност до вработените и купувачите од „Амазон“, вие плативте за летот во вселената

Џеф Безос, најбогатиот човек во светот, пред неколку дена беше во вселената на десетина минути.

57-годишниот милијардер, полета на работ на вселената девет дена по летот на Британецот, Ричард Бренсон, кој тоа го направи со ракетниот авион на неговата компанија, „Вирџин галактик“.

„Моите очекувања беа големи, но се драстично надминати… Најдобар момент ми беше погледот кон Земјата и нејзината атмосфера. Секој астронаут, секој што бил во вселената вели дека тоа ги менува луѓето. Воодушевени и вчудноевидени сме од Земјата и нејзината убавина Но, исто така и од својата кревкост“, им рече Безос на собраните во Тексас по слетувањето.

Потоа тој го изнесе својот став за тоа како вселенските истражувања можат да бидат клучни за идните генерации.

„Големите работи се покренати од мали. Ова е важно бидејќи градиме патека кон вселената за нашите деца и нивните деца да можат да ја градат иднината и треба да го правиме тоа. Треба да го правиме тоа и за да ги надминеме проблемите тука на Земјата. Поентата е дека ова е единствената добра планета во Сончевиот систем. Пратени се роботски сонди на сите останати планети, но оваа е единствената добра за нас, во тоа ве уверувам. Мораме добро да се грижиме за неа“, додаде тој.

Безос потоа му се заблагодари на неговиот тим во „Амазон“ и на сите клиенти на „Амазон“ што му помогнале да го финансира патувањето во вселената.

„Сакам да се заблагодарам на секој вработен во ‘Амазон’ и секој клиент на ‘Амазон’ затоа што плативте за ова“, рече тој.

„Сериозно, благодарам од срце на секој клиент и вработен во ‘Амазон’. Го ценам тоа“, заклучи Безос.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Научниците збунети бидејќи моќниот телескоп Џејмс Веб „гледа“ работи во вселената што не треба да бидат таму

M T

Рогозин до НАТО: Не заборавајте, Русија ве гледа од вселената

M T

„Амазон“ го купи филмското студио „MГM“

M T

Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

M T

Рускиот режисер кој снимаше во вселената вели следна дестинација е Месечината или Марс

M T

Како си помина во вселената најбогатиот човек во светот: еуфорија, бакнежи и бонбони

M T