21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харви Вајнстин се изјасни за невин по обвиненијата за сексуално насилство

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин се изјасни за невин по обвиненијата за сексуални злоставувања во Лос Анџелес во периодот од 2004 до 2013 година.

Осрамотениот продуцент, некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, во моментов отслужува 23 години затвор во Њујорк за силување од трет степен и сексуален напад од прв степен. Тој се појави во судот во Лос Анџелес во средата (21 јули) на рочиште за други 11 обвиненија, вклучувајќи четири точки за силување.

Според „Њујорк пост“, Вајнстин се изјаснил за невин по сите 11 точки од обвинението, додека неговите адвокати поднеле и предлог за отфрлање на три од точките, во кои наведуваат дека рокот за застареност за кривично гонење бил истечен.

Обвинението беше покренато на рочиштето во средата, а вклучува случаи на силување, присилна орална копулација, сексуално допирање и сексуална пенетрација со употреба на сила.

Според законите во Калифорнија, обвинителите имаат рок од 120 дена по пристигнувањето на Вајнстин да започнат судски постапки, што значи дека судењето мора да започне до средината на ноември.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Славниот готвач Марио Батали прогласен за невин за сексуално вознемирување

M T

Вработените во СЗО обвинети за сексуално насилство врз жени во Конго

M T