28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Англија по укинувањето на мерките: Стотици илјади луѓе во изолација, маркетите празни

Англија во понеделникот ги укина речиси сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус. Првата недела е одбележана со зголемување на бројот на новозаразени, недостиг на производи во супермаркетите и хаос со апликацијата за самоизолација.

Салите и стадионите можат да се отворат со полн капацитет, дискотеките можат повторно да работат, во пабовите повторно е дозволено да се седи зад шанковите и веќе нема ограничување на бројот на луѓе што можат да се соберат. Носењето маски веќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и во продавниците, веќе не се повикува на работа од дома, но премиерот Борис Џонсон сепак апелира за претпазливост.

Како што рече владиниот советник, Нил Фергусон, речиси е неизбежно бројот на нови случаи на инфекција да достигне сто илјади дневно, со по илјада хоспитализирани.

„Вистинското прашање е дали тие бројки ќе бидат двојно или уште поголеми. Може да имаме две илјади хоспитализирани на ден и двесте илјади случаи, но тоа не може да се каже со сигурност“, рече Фергусон.

Рафтовите во повеќето супермаркети низ земјата се целосно празни, откако голем број вработени и возачи за достава отидоа во самоизолација поради контакт со заразени.

Голем број продавници се борат со недостиг на персонал, а некои синџири на супермаркети мораа да затворат повеќе свои маркети, нешто што досега не се случило во трите заклучувања.

Стотици илјади луѓе, вклучувајќи го и премиерот Џонсон, мора да бидат изолирани десет дена откако апликацијата за самоизолација ги информирала дека биле во близок контакт со заразено лице.

Податоците на Националната здравствена служба (НХС) открија рекордни 618.903 предупредувања испратени до корисниците на апликациите во Англија и Велс. НХС ги известува луѓето кои треба да одат во самоизолација со кратка нотификација преку мобилна апликација.

Можеби ќе ве интересира

Над 130.000 луѓе во изолација поради една вработена во реално шоу заразена со ковид

M T

СЗО со препорака за многу построги мерки против загадувањето на воздухот

M T

Овие се земјите кои целосно се откажаа од мерките: „Или тоа, или економска пропаст“

M T