9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

При пукање во Чикаго убиено 14-годишно момче

Во две неповрзани престрелки во Чикаго загина 14-годишник, а уште девет лица се повредени, објавија локалните медиуми.

Уште најмалку двајца тинејџери се во критична состојба и се наоѓаат во болница, пренесува полицијата.

Пет лица биле застрелани во првото пукање што се случило околу шест попладне. Пет минути подоцна на друга локација уште петмина биле застрелани во пукање на само три блока оддалеченост.

„Засега нема информации дека двете пукања се поврзани, но според првичните информации, полицијата смета дека не се“, изјави Ернест Като, заменик-началник на локалната полиција.

Оваа година во Чикаго се забележани 1.802 престрелки, што е зголемување од девет проценти во однос на минатата година и зголемување за 60 проценти во однос на 2019 година.

За време на првиот викенд во јули 92 лица беа застрелани, а 16 беа убиени. Минатиот викенд 56 лица беа застрелани, а 11 починаа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

M T

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

M T

Две лица загинаа во пукање во црква во Алабама

M T

Пукање во Калифорнија, три лица загинаа

M T