3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бројот на Макрон и на уште 13 познати имиња, на списокот на шпионскиот софтвер „Пегаз“

Во базата на податоци на шпионскиот софтвер „Пегаз“ е вклучен и бројот на мобилниот телефон на францускиот претседател Емануел Макрон, дознава „Гардијан“.

На списокот има и телефонски броеви на уште 13 шефови на држави и шефови на влади.

Претседателот на Јужна Африка и пакистанскиот премиер се наведени во податоците, таму се и податоците на дипломати, началници на војската и високи политичари од 34 земји.

Тоа што некои броеви се наоѓаат на списокот избран од владите кои се клиенти на групата „НСО“, израелска шпионска компанија, не значи дека лицето било подложено на обид или успешно хакирање, велат познавачите.

„НСО“ инсистира на тоа дека базата на податоци „нема никакво значење“ за компанијата. „НСО“ соопшти дека Макрон не бил „мета“ на ниту еден нејзин клиент.

Политичките фигури чии броеви се појавуваат на списокот се: Претседателот на Јужна Африка, кој според познавачите се чини дека е избран од Руанда во 2019 година.

Следен е Емануел Макрон, францускиот претседател, кој се чини дека е избран за личност од интерес за Мароко во 2019 година. Официјален претставник на Елисеј рече: “Ако тоа се докаже, тоа е очигледно многу сериозно. Сите светла ќе бидат фрлени на овие медиумски откритија”.

Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација и други.

Покрај негирањето дека Макрон бил „мета“, портпаролот на групата „НСО“, исто така, рече дека кралот Мохамед Шести и Тедрос Гебрејезус „никогаш не биле мета или избрани за цели на клиенти на групата „НСО“ како лица за шпионирање, пренесуваат светските агенции.

Спонзорирано: