15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор

Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“ со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, е осудена на седум, а Бојан Јовановски познат како Боки 13 на девет години затвор.

Судот соопшти дека ги одбил жалбите на Јовановски, Јанева и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција како неосновани.

Кривичниот суд ги изрече пресудите пред една година.

„Виновни се затоа што во периодот од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски со искористување на своето влијание над Катица Јанева, која е јавен обвинител во СЈО, преку претходни пријателски односи, влијаел да му се одреди поблага мерка куќен притвор, а притворот бил предложен и одобрен, да му се укине мерката претпазливост, да биде заштитен сведок. Во ова учествувал и осудениот Зоран Милески – Кичеец со договарање средби. За посредувањето добиле 1.5 милиони евра“, рече тогаш судијката Васка Николовска-Масевска.

Судијката објасни дека Јанева за себе прибавила предмети и пари, со незаконското постапување како прв човек на специјалното јавно обвинителство.

„Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и како јавен обвинител ја искористила својата службена положба и ги пречекорила границите на своето овластување. Таа за себе набавила предмети, мебел што за неа го набавил Бојан Јовановски, пари во износ од 50 илјади евра. Бојан Јовановски и Зоран Милески побарале 500.000 евра од Ана Камчева и таа им ги дала парите, а Јанева дала предлог да се укине мерката на Камчев и да му се одреди мерка куќен притвор. Апелациониот суд донел одлука за куќен притвор, а за време на нејзиното одржување, Јовановски и Милески го посетувале во неговиот дом. Катица Јанева била вклучувана на спикерфон, а велела дека обвинителката која го работи случајот ќе постапува како што ќе каже таа“, додаде судијката.

На Јовановски му беа ставени на товар две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар, односно перење пари и други приноси од казниво дело. Јанева, пак, Обвинителството ја товари за злоупотреба на службената положба и овластување, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години. Милески беше веднаш осуден на три години затвор за примање награда за противзаконско влијание, по претходно признавање вина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмалку 15 загинати и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

M T

Приведен крадец во Скопје, ќе биде спроведен во затвор

M T

Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

M T