14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Спасена крава откако поплавата ја однесе 100 километри од фармата

Во холандскиот град Ешарен, во близина на пограничниот град Нијмеген, една крава беше спасена во саботата од вода од реката Меуз што ја однесе на околу 100 километри од нејзината фарма.

„Изненадени сме што кравата преживеа толку далечина“, изјави за локалните медиуми еден од пожарникарите во населбата Ешарен во Холандија.

„Не знаеме дали лебдеше цело време или на некои места можеше да застане на нозе“, додаде тој.

Животното на крајот се насукало на брегот на реката Меузе во областа Ешарен и било спасено откако жителите повикале помош.

Се испостави дека надојдените води ја донеле кравата од градот Ехта, кој е оддалечен околу 100 километри од Ешарен. Кравата била прегледана на лице место од ветеринар, по што сопственикот на фармата каде што живее кравата дошол по животното.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пливала во езеро, а потоа доживеала изненадување на животот. Еве што се појавило покрај неа во водата (Видео)

CENTAR MKD