10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, денеска ќе патува во вселената

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денес ќе патува во вселената со ракетата „Њу Шепард“ на својата компанија „Блу Ориџин“, како дел од екипажот од историскиот суборбитален лет што претставува почеток на новата ера на приватните вселенски патувања.

Американскиот милијардер ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути. Пред девет дена, британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон, беше дел од успешниот лет во вселената на „Вирџин Галактик“.

Брансон прв пристигна во вселената, но Безос ќе одлета подалеку. Безос ќе се издигне на 100 километри од површината на Земјата, додека Брансон се искачи на 86 километри.

На Безос на патувањето ќе му се придружи Воли Фанк, која со 82 години ќе стане најстарата личност што патувала во вселената.

Нив ќе ги придружува холандскиот тинејџер Оливер Даемен, кој ќе стане најмладиот астронаут, а воедно е и првиот патник кој платил за патувањето со „Блу ориџин“.

Четвртиот член на екипажот е Марк, братот на Џеф Безос, финансиер кој управува со семејната фондација „Безос“ и волонтира како пожарникар.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Научниците збунети бидејќи моќниот телескоп Џејмс Веб „гледа“ работи во вселената што не треба да бидат таму

M T

Рогозин до НАТО: Не заборавајте, Русија ве гледа од вселената

M T

Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

M T

Рускиот режисер кој снимаше во вселената вели следна дестинација е Месечината или Марс

M T

Безос: Благодарност до вработените и купувачите од „Амазон“, вие плативте за летот во вселената

M T

Како си помина во вселената најбогатиот човек во светот: еуфорија, бакнежи и бонбони

M T