15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кабулов: Имаме докази за соработка меѓу Американците и Исламската држава

Русија има докази за соработка меѓу американските власти и милитантите на терористичката организација Исламска држава во Авганистан, изјави специјалниот претставник на претседателот на Русија за Авганистан, Замир Кабулов, пренесуваат руските агенции.

Како што вели тој во својата изјава, Русија ги добила тие информации од локални Авганистанци и претставници на владата на кои не им е јасно зошто хеликоптерите ги снабдуваат со оружје и муниција областите окупирани од одреди на Исламската држава.

„Убеден сум дека постоела таква соработка. Почнавме да добиваме конкретни информации за потврда на таквата соработка, за фактот дека хеликоптерите се преполнети со оружје“, рече тој.

„Талибанците се подготвени за политички компромис со авганистанските власти, имајќи предвид дека владејачките класи се „заситени од војната. Талибанците исто така се променија заедно со светот. Во последните 20 години, основниот дел од раководството, на кој му е доста од војната, сфати дека е потребно да се бараат политички начини за излез од ќорсокакот“, рече Кабулов.

„Чувствувам и гледам дека не само со зборови, туку и со намери што се изразени во различни формати, дека се подготвени за политички компромис. Сепак, тие сметаат дека политичкиот компромис мора да биде достоинствен“, додава тој.

Кабулов исто така истакна дека се појавуваат помлади генерации, страствени борци кои се убедени дека се борат за ослободување на Авганистан од странци, заклучува Кабулов.

Спонзорирано: