10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индија размислува да воведе политика за две деца и да стимулира стерилизација

Светскиот ден на населението во Индија беше пречекан со предлог мерки за контрола на растот на населението. Новата политика за население предлага да се наградат родителите кои имаат најмногу две деца и да ги казнуваат оние со повеќе.

Мерките првично се предлагаат да се воведат во две земји – Утар Прадеш, најнаселена во Индија со повеќе од 240 милиони жители, и Асам во североисточна Индија.

Индија се очекува да ја преземе титулата најнаселена земја во светот до 2027 година. УНИЦЕФ проценува дека 25 милиони деца се раѓаат секоја година во Индија, што претставува 20% од бебињата родени ширум светот.

Најголем пораст е забележан во државата Утар Прадеш, која, доколку беше независна држава, ќе беше петта по бројот на жители во светот.

Новата политика за население предлага да се наградат родителите кои имаат најмногу две деца и да ги казнуваат оние со повеќе.

Уште подрастично, Утар Прадеш има намера да ги охрабри и мотивира паровите да се одлучат на доброволна стерилизација.

Стимулациите ќе вклучуваат голем број придобивки, како што се намалување на даноците, субвенции за купување домови и поврат на средства од сметки за електрична енергија и други комунални услуги.

Во исто време, оние со повеќе од две деца не би можеле да добиваат субвенции и ќе бидат спречени да аплицираат за работа во јавната администрација и нема да можат да се кандидираат за политички позиции.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Путин ги повика Индија и Кина на заеднички воени вежби, како одговор на обидите на САД да ја изолираат Москва

M T

49 лица загинаа од гром во Индија оваа недела

M T

Индија: Дваесет луѓе загинаа од гром во еден ден

M T

Труење со алкохол во Индија – Починале 26 луѓе, а над 30 се во болница

M T

Индија: Луѓето ги ризикуваат своите животи за да добијат вода

M T