11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Азербејџански подофицер ранет на границата со Ерменија

Азербејџански подофицер бил ранет при гранатирање од Ерменија во областа Накчиван на државната граница меѓу двете земји, објави Министерството за одбрана на Азербејџан, пренесува ТАСС.

„Нешто пред полноќ на 19 јули, ерменските вооружени сили ги гранатираа позициите на азербејџанската армија во правец кон населената област Хејдарабад, во областа Садарак на автономната република Накчиван, од позициите кај селото Араздејен во округот Веди, со употреба на оружје од различен калибар.

Како резултат на гранатирањето, постариот поручник на азербејџанската армија Рамал Бадали беше ранет во ногата “, изјави Министерството, додавајќи дека повредениот е пренесен во болница.

Според Министерството, состојбата во областа во моментов е стабилна.

„Ситуацијата ја контролираат единиците на нашите трупи“, се вели во извештајот.

Азербејџанското Министерство за одбрана во понеделникот двапати објави дека се гранатирани позициите на Вооружените сили на Азербејџан во областа Накчиван.

Спонзорирано: