9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанците протестираа против ковид-мерките, Рама одговори: Кој сака да пее, нека оди во природа

Сопствениците на барови, ресторани и продавници во Валона организираа протести против затворањето во 22 часот, полицискиот час и другите мерки воведени во Албанија за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Учесниците на протестот, организиран на шеталиштето во Валона, ја испеаја химната и одбија да ги затворат своите продавници, пренесуваат албанските медиуми.

Според написите, наводно три лица, меѓу кои и една жена, биле уапсени.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави по повод протестот на угостителите во Валона дека секој што сака да игра и пее ноќе може да се организира во природа и на други места каде што никому нема да му пречи.

„Протести поради музика? Таму нема музика, туку страшно акустично загадување, каде што се обединуваат десетици звуци. Правата на оние што сакаат музика во текот на целата ноќ не може да надвладеат над правата на оние што сакаат да уживаат во звукот на морето навечер“, рече Рама.