5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради новите правила за кoронавирус, паѓа поддршката за Макрон кај младите, покажуваат анкетите

Францускиот претседател Емануел Макрон ја изгуби популарноста меѓу младите во таа земја, откако француските власти ги претставија новите правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита.

Популарноста на Макрон се намали за 13% кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на IFOP.

Процентот на оние кои не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен кај возрасните групи од 25 на 34 и од 35 на 49 проценти.

Во исто време, Макрон доби шест проценти поголема поддршка кај пензионерите и три проценти кај населението постаро од 65 години.

Анкетата покажа дека популарноста на Макрон расте меѓу групите луѓе кои претежно примале вакцина против коронавирусот.

Француската влада објави извештај во кој се наведува дека досега се вакцинирани 55% од населението во земјата.

Илјадници луѓе вчера маршираа низ Франција во знак на протест против задолжителната вакцинација на здравствените работници и ковид пропусниците за влез во ресторани и други места.

Во Париз, поради најавата на Макрон, голем број граѓани скандираа „слобода“ и носеа транспарентни осудувајќи ја „медицинската диктатура“ на францускиот претседател.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

Анкета меѓу Русите: Кина најголем пријател, а САД најголем непријател

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Макрон критикуван во Франција поради средбата со саудискиот принц

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T