9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме во регионот – поплавени улици во Загреб и Сараево

РЕГИОН(Видео) Силно невреме во регионот – поплавени улици во Загреб и СараевоОбјавено пред 30 минути – 18 јули, 2021Од Макфакс

Хрватската престолнина Загреб и околните области денеска беа погодени од најавениот силен дожд, што предизвика проблеми во источниот дел на градот, Дуго Село и неговата околина.

„Обилниот дожд, кој започна од 13 часот, предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, Дуго Село и околината. Има поплавување на патишта и подруми, а има и неколку извештаи за паднати дрвја на патишта, врз паркирани возила и објекти“, се наведува на фејсбук-профилот на тамошната Дирекција за цивилна заштита.

Тие додаваат дека окружниот центар 112 Загреб примил околу 50 повици од граѓани кои барале интервенција од пожарникарите и комуналните служби.

Обилен дожд попладнево го зафати и поголемиот дел од Босна и Херцеговина, а некои патишта во Сараево, особено подвозниците, биле поплавени.

Невремето придружено со силен дожд и ветер им создало проблеми на возачите.

Според метеоролозите, во БиХ се очекуваат врнежи и во наредните денови.

Издаден е жолт метеоролошки аларм за целата земја.

Можеби ќе ве интересира

Најмногу пријавени штети за поплавени простории и паднати дрвја

M T

И денеска пороен дожд и грмежи, во Скопје услови за невреме

M T

Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

M T

Викендов ќе паднат температурите, метеоролозите прогнозираат невреме со дожд, град и грмотевици

M T

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

M T

Невреме предизвика хаос во Лас Вегас – Казино заврши под вода, потопени се и автомобили

M T