19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел во посета на најпогодените oбласти: Во јазикот немаме зборови со кои може да се опише ова уништување

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на поплавените германски региони изјави дека ситуацијата е надреална и застрашувачка, додавајќи дека Владата итно ќе ги разгледа климатските проблеми.

„Германија е силна земја и ние ќе се спротивставиме на силите на природата на краток рок, но исто така и на среден и на долг рок со обликување на политика што ќе ги земе предвид природата и климата, повеќе отколку што тоа го правевме во последните години“, рече германската канцеларка по пристигнувањето во местото Шулд во регионот Арвејлер.

Таа посочи дека властите брзо ќе обезбедат финансиска помош за погодените од катастрофалните поплави.

„Шокантно е. Можам да кажам дека во германскиот јазик скоро и да немаме зборови за уништувањето што се случи“, ја цитираат германските медиуми изјавата на канцеларката.

Меркел и премиерката на Рајнска област-Пфалц, Малу Драјер, ветија тесна координација меѓу германската сојузна и покраинските влади.

„Затоа што не можеме да го направиме ова сами. Одлично е што германската канцеларка е денес тука“, рече Драјер.

Подготвеноста на локалното население да помогне е многу голема, додаде таа.

Најмалку 156 лица загинаа во Германија од вторникот по катастрофалните поплави што ги погодија западните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц.

Според Меркел, владата ќе се состане на 21 јули за да состави пакет мерки за помош за областите погодени од поплавата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија

M T

Маричиќ во дводневна работна посета на Прага

M T

Меркел: Горбачов покажа како еден државник може да го промени светот

M T

Тренчевска за Националната Полска Телевизија: Како министерство ја препознаваме важноста и улогата на социјалните претпријатија за поддршка на најранливите граѓани

M T

Министерката Тренчевска на студиска посета во Република Полска

M T

Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во еднодневна посета на Република Северна Македонија

M T