20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев го свикува Националното собрание, на партиите им порача да најдат начин за соработка

Откако резултатите од изборите и распределбата на местата во новиот парламент беа објавени, бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе го свика 46-то Национално собрание в среда, 21 јули, во 9 часот.

Радев рече дека постои јасен уставен модел кон кој треба политичарите да се придржуваат.

„Пратеничките групи мора да се формираат. Ќе ги поканам сите претставници на парламентарните групи на консултации и потоа ќе го предадам првиот мандат“, изјави Радев.

Шефот на државата ги повика партиите да најдат начин да се разберат :

„Сега е време тие да ја завршат својата работа, да продолжат со демонтирање на маѓепсаниот модел на управување, да запрат со кражби, да ја зајакнат државноста, конечно да најдат излез од економската криза, од неправдата, од сиромаштијата“.

Претседателот и’ честиташе на партијата „Има такви луѓе“ за изборната победа.

„Тие ја отворија вратата за дијалог и изнаоѓање консензус за решавање на проблемите во политичкиот систем“, додаде Радев.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Василев попладнево кај Радев, се’ уште не се знае дали успеал да обезбеди мнозинство

M T

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

M T

Советот за безбедност на Радев во карантин по расправата за Македонија

M T

Радев: Северна Македонија треба да го промени Уставот и да не ги дискриминира македонските Бугари

M T

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

M T

Радев очекува дијалогот со Скопје да доведе до конкретни резултати

M T