Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Бoлсонаро одвај говори, влошена здравствената состојба на бразилскиот претседател, тој е пред операција

Флавио Болсонаро, син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој има 66 години, изјави дека на неговиот татко, можеби му треба итна операција поради опструкција на дебелото црево, и дека има потешкотии во зборувањето.

Болсонаро ја помина ноќта во болница во Сао Паоло, а лекарите подоцна соопштија дека претседателот ќе продолжи да биде под надзор, пишуваат бразилските медиуми.

„Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Болсонаро на „Фејсбук“ и ја објави својата фотографија од болничкиот кревет.

Болсонаро беше избоден со нож во стомакот на политички митинг во 2018 година. Оттогаш тој имал неколку операции и бил хоспитализиран поради компликации по тој убод при пробивање на цревата. Во неодамнешното соопштение од кабинетот на претседателот беше прецизирано дека тој страдал од блокада на цревата.

Претходниот ден, здравствената состојба на бразилскиот лидер беше претставена поинаку.

Имено, Болсонаро беше примен во болница поради проблем со хронично икање, кое понекогаш трае со денови. Самиот бразилски претседател претходно, во неколку наврати, спомена дека страда од хронични икања кои не престануваат со денови.

Тој исто така беше болен од Ковид-19 минатата година.

Политичката позиција на Болсонаро станува сè послаба поради неуспехот да се бори против пандемијата на коронавирусот, додека Сенатот го истражува неговиот наводен скандал за корупција во врска со набавката на вакцините. Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, по САД.

Можеби ќе ве интересира

Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

M T

Руски сенатор откри кога ќе заврши специјалната операција во Украина

M T

Казахстанскиот претседател: Покрената е антитерористичка операција

M T

Бразилскиот претседател Болсонаро итно примен во болница

M T

Папата Франциско се чувствува добро по операцијата на дебелото црево, соопшти Ватикан

M T

Добра вест: По успешната историска трансплантација почна да чука новото срце на 39 годишна жена

CENTAR MKD