11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа го обвини „Фејсбук“ како канал за ширење дезинформации за Ковид-19

Портпаролката на Белата куќа тврди дека 12 лица се одговорни за речиси 65 проценти од дезинформациите против вакцините на социјалните мрежи.

„Фејсбук“ не прави доволно за да го запре ширењето лажни тврдења за Ковид-19 и вакцините“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Фејсбук“, кој е сопственик на „Инстаграм“ и „Ватцап“, треба да стори повеќе за да ги отстрани неточните информации за вакцините од својата платформа, рече Псаки, пренесуваат агенциите.

Ова се податоци од извештајот на Центарот за борба против дигиталната омраза, но „Фејсбук“ ја проблематизира методологијата на истражување.

Таа додаде дека мрежата „треба побрзо да ги брише штетните насилни објави“.

Шефот на јавното здравство на САД, Вивек Мурти, тврди дека расте дезинформацијата за Ковид-19 и вакцините, што ја отежнува борбата против пандемијата.

„Животите на Американците се во прашање“, рече тој во изјавата.

„Фејсбук“ не одговори веднаш со коментар на изјавите на Белата куќа. Платформата воведе правила против лажните тврдења за Ковид-19 и вакцините, но експертите и политичарите долго време се жалат дека контролата на содржините е слаба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пристигна предупредување од Фејсбук: Активирајте ги овие три поставки што е можно поскоро

M T

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Фејсбук воведува нова опција: Оние кои нема да ги почитуваат правилата ќе бидат блокирани

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари на познати личности

M T