19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Зголемениот број на заразени во Тетово е поради свадба и семејна прослава

Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје по зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, соопти Министерството за здравство.

Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластера. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство, кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид-позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти како би можело да се спречи создавање кластери поврзани со двата постојни.

Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето соработка од страна на пациентите, прави тешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

„Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово.
Досега не е детектиран делта-сојот, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид-позитивни од јуни“, соопшти Министерството.

И покрај мирната епидемилошка состојба во земјата, од Министерство за здравство апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни и да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита на здравјето.

„Одржување лична хигиена на рацете, држењето дистанца, носењето маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас. Апелираме дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид-пандемијата“, порачуваат од Министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

M T

Во Германија над 170.000 новозаразени со коронавирус

M T

Шангај продолжува со масовните тестирања, бројот на заразени со коронавирус продолжува да расте

M T

ИЈЗ: Намален бројот на заразени лица од Ковид за 27,4%

M T

Коронавирус и совети: Како да се лекувате дома кога сте заразени

M T