23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско излезе од болница

Папата Франциско (84) денеска ја напушти болницата во Рим, каде беше опериран на дебелото црево пред 11 дена, објавија локалните медиуми.

Фотографите од пред болницата Џемели покажаа два автомобила придружени од безбедносната служба на Ватикан, како доаѓаат на страничниот излез нешто пред 11 часот, откако вработените во болницата ставија инвалидска количка во багажникот на едно од возилата.

Првиот од двата автомобила имаше затемнети стакла.

На 4 јули, на Папи му беше отстранет дел од дебелото црево. Тој се појави во јавноста за прв пат по операцијата во неделата, стоејќи околу 10 минути за време на говорот од балконот на болничката соба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

M T

Со мотоцикл удрил во пешак, двајцата завршиле во болница

M T

Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

M T

Пукање во болница во Оклахома, убиени четири лица

M T

11 бебиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

M T

Големи нереди во Тирана пред мечот Рома-Фејнорд, 12 полицајци во болница

M T