20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Филипче: Размислуваме за присуство на настани на затворено, задолжително само со вакцинален сертификат

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес конференција на Клиниката за Кардиологија изјави дека вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови ширум земјата се одвива вакцинација без закажан термин. Во тек е и теренската вакцинација која има за цел да им го олесни пристапот на жителите од руралните средини и тешко достапни места како би имале можност да бидат вакцинирани.

Во изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу 30%, теренската вакцинација ќе продолжи и во следниот период. Досега се вакцинирани околу 400.000 граѓани а се ревакцинирани 250.000 граѓани.

Министерот Филипче апелира до сите граѓани да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин како да се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен. Податоците покажуваат дека 85% од здравствените работници се веќе вакцинирани, како и поголем дел од воспитно образовниот кадар.

За евентуални нови рестритивни мерки Филипче изјави дека доколку наесен опфатот на вакцинирани граѓани не е доволно голем ќе се воведат нови мерки, вакцинален сертификат кој ќе биде задолжителен за влез на настани на затворено, како и за организирање на масовни настани. Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа, порача министерот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Денот на народното востание 11-ти Октомври одбележан со настани и почести во Куманово, Прилеп и Скопје

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

M T

Иран одобри вакцинација за деца на возраст од 5 до 11 години

M T

Италија парично ќе ги казнува луѓето над 50 години кои не се вакцинирани, важи и за странци

M T