13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европол: Разбиена криминална група – уапсени 46 луѓе

Во голема полициска акција уапсени се 46 лица, осомничени дека се дел од криминална мрежа што им дозволуваше на бегалците илегално да влегуваат во Велика Британија и САД.

Акциите беа организирани од полицијата на Шпанија, Албанија и надлежните безбедносни служби на Австрија, Франција, Италија, Словенија, Португалија, Велика Британија, САД, Косово и Европол.

Истрагата, која ја водеше шпанската полиција со меѓународна полициска поддршка и соработка, резултираше со демонтирање на организирана криминална група која се занимавала со трговија со луѓе и изработка на лажни лични и патни исправи, објави Европол.

Во полициската акција уапсени се 46 луѓе, извршени се два претреси во куќи, запленети се фалсификувани лични документи, финансиска документација, електронска опрема, пари и разни наркотици.

Истрагата почна во 2019 година поради голем број фалсификувани лични документи на бегалци од Западен Балкан. Меѓу уапсените има и курири кои патувале на Косово и Албанија, каде што доставувале фалсификувани лични документи.

На Косово се откриени четири печатници за фалсификување документи. Акцијата беше координирана од Европол, обезбедувајќи размена на доверливи информации и аналитичка и форензичка поддршка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европол со кампања за пронаоѓање бегалци

M T

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со културни добра, приведени осум лица (ВИДЕО)

M T