9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Централна изборна комисија: „ГЕРБ“ партијата на Борисов, во тесно водство на бугарските избори

Десноцентристичката партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 23,9 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, покажаа податоците на Централната изборна комисија, по преброени 95 проценти од гласачките ливчиња.

Партијата на Бојко Борисов е во мала предност пред „Има таков народ“ (ИТН), на шоуменот Слави Трифонов која според резултатите од изборната комисија засега има освоено 23,66 проценти од гласовите.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) има добиено 13,63 проценти од гласовите, додека Демократска Бугарија 12,55 проценти.

Движењето за права и слободи (ДПС), освоиле 10,59 проценти проценти додека новиот левоцентристички сојуз „Стани! Мафија надвор!“, покренат од поранешната народна правобранителка Маја Манолова има 5,04 отсто од гласовите.

Во Парламентот повторно влегуваат 6 партии, како и на претходните избори. За партијата на Бојко Борисов како што покажале податоците, гласале 622.591 лице, за ИТН 616.076, за БСП 354.937, за ДБ-326 73, за ДПС 275.760 и за ИСМВ 131.371, пренесоа бугарските медиуми.

Тесниот резултат ја претставува длабоката поделба по долгогодишното владеење на Борисов, во услови на зголемен гнев поради раширената корупција во Бугарија, како најсиромашната членка на ЕУ, анализираат медиумите.

Дури и ако конечните резултати ја потврдат ГЕРБ како најсилна партија, нејзините шанси за формирање владејачка коалиција се мали, велат политичките набљудувачи.

ГЕРБ беше првата партија на изборите во април, освојувајќи 26,2 проценти, но другите партии ја избегнуваа.

ИТН е подобро позиционирана и ужива поддршка од своитепартнери, Демократска Бугарија и „Стани! Мафија надвор!“, велат познавачите.

Конечните официјални резултати се очекуваат во четврток.

Можеби ќе ве интересира

Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП

M T

Плевнелиев: Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ

M T

ГЕРБ на Борисов до Собрание го поднесе предлогот за решавање на спорот со Скопје

M T

Пари, пиштол и кондом до креветот – објавени нови фотографии за кои се тврди дека се од спалната соба на Борисов

M T

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

M T

Борисов повикан на разговор во полицијата: „Се надевам дека ќе излезам жив“

M T