10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Русија, 25.000 новозаразени со коронавирус

Дневниот број на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Русија надмина 25.000 трет ден по ред, објавија денес властите.

Според официјалните податоци, денес се евидентирани 25.033 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Русија се соочува со нагло зголемување на инфекцијата во последните неколку недели, со тоа што дневниот број на новоинфицирани се зголеми од околу 9 000 на почетокот на јуни на повеќе од 25.000 во петокот.

За прв пат од почетокот на пандемијата, дневниот број на смртни случаи од коронавирус надмина 700 во вторникот. Оттогаш бројот на смртни случаи на ден остана на тоа ниво, а денес се евидентирани 749 смртни случаи.

Официјалните лица веруваат дека причината за овој скок на инфекција е новиот „делта сој“ на вирусот. Тие се обидуваат да ја зголемат стапката на вакцинација, што е помала отколку во многу западни земји.

До средата, околу 27 милиони Руси, или само 18,5 проценти од 146 милиони жители, примиле барем една доза на вакцина, а 18,5 милиони, или 12,6 проценти, биле целосно вакцинирани, со обете потребни дози.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T